
2024-07-29
Генералниот секретар Саити во посета на Грчкиот Црвен крст
Од денес во тридневна посета на Грчкиот Црвен крст се наоѓа делегација на Црвениот крст на РСМ предводена од Генералниот секретар д-р Саит Саити. На истата се очекува да се разговара за можностите за соработка помеѓу двете национални друштва на повеќе теми од заеднички интерес, кои ќе придонесат за унапредување на заедничката работа. Ова е прва официјална средба помеѓу двете национални друштва по осамостојувањето на нашата држава.